ВО РАКЕТЕН НАПАД ПОГОДЕНО СЕДИШТЕТО НА РУСКАТА ЦРНОМОРСКА ФЛОТА НА КРИМ

    ВО РАКЕТЕН НАПАД ПОГОДЕНО СЕДИШТЕТО НА РУСКАТА ЦРНОМОРСКА ФЛОТА НА КРИМСнимките на социјалните мрежи покажуваат црн чад како излегува од зградата (Фото: Твитер)

    Седиштето на руската црноморска флота е погодено во денешниот ракетен напад на Севастопол, најголемиот град на анектираниот полуостров Крим. Гувернерот на Крим, Михаил Развожаев, потврди дека зградата била погодена со проектил, додека снимките на социјалните мрежи покажуваат црн чад како излегува од неа.

    Тревогата за воздушен напад е укината, но на граѓаните им се препорачува да го избегнуваат центарот на градот“, напиша Развожаев на Телеграм.

    Руското министерство за одбрана потврди дека еден војник загинал во нападот и дека биле соборени уште пет проектили испукани кон Севастопол.

    Украина зачести со ракетните напади на Крим во изминатите недели, при што беа оштетени воен брод и подморница во пристаништето во Севастопол и софистициран противвоздушен систем во градот Евпаторија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира