ФИЛМОТ „М“ НА ВАРДАН ТОЗИЈА ОД 5 ОКТОМВРИ ЌЕ ИГРА ВО КИНОТО СИНЕПЛЕКС ВО СКОПЈЕ

    ФИЛМОТ „М“ НА ВАРДАН ТОЗИЈА ОД 5 ОКТОМВРИ ЌЕ ИГРА ВО КИНОТО СИНЕПЛЕКС ВО СКОПЈЕСашко Коцев, Александар Ничовски, Вардан Тозија, Матеј Сиваков и Влатко Самоиловски на премиерата на „М“ на Синедејс на 13 јули. (Фото: К. Попов)

    Новиот филм на режисерот Вардан Тозија „М“ , од 5 октомври ќе игра во скопското кино Синеплекс во Скопје, објави продукцијата „Фокус покус“. Премиерата на „М“ беше на 13 јули на отворањето на фестивалот Синедејс во Скопје, а по скопската кинопремиера филмот ќе игра во повеќе градови низ Македонија.

    Тозија, чие деби „Џган“ во 2016 имаше голем успех, вели дека „М“ е дистописка приказна за осумгодишниот Марко, дете кое е затворено во границите, во заштитата на својата магична шума.

    Низ годините живее, не знаејќи што се случува со светот надвор. Чувано е и скриено од посесивен, строг, опседнат татко, кој секако, знаејќи дека тој е сѐ шо му останало, се труди да со сочува од сознанието за тој свет.

    „Сѐ додека еден ден љубопитноста не го натера тоа дете да излезе од границите на шумата, да истражи, да види што има зад тој свет, тој забранет свет. Наоѓа едно другарче и почнува да истражува. Тоа истражување води кон одреден след на настани кои ќе го доведат во една голема авантура“, вели режисерот.

    Марко го игра Матеј Сиваков, а во екипата се и: Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Оливер Митковски, Владимир Тулиев.

    Сценариото е на Тозија и режисерот Даријан Пејовски, а кинематографер е Влатко Самоиловски.

    Продуцент е „Фокус покус филмс“ од Скопје во копродукција меѓу Хрватска, Косово, Луксембург и Франција.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира