МИЛИТАНТИТЕ НА ХАМАС УПАДНАА ВО ИЗРАЕЛ ОТКАКО ИСПУКАА ДЕСЕТИЦИ РАКЕТИ ОД ГАЗА

    МИЛИТАНТИТЕ НА ХАМАС УПАДНАА ВО ИЗРАЕЛ ОТКАКО ИСПУКАА ДЕСЕТИЦИ РАКЕТИ ОД ГАЗАХамас тврди дека лансирал 5.000 ракети за 20 минути (Фото: АП)

    Хамас го лансираше најголемиот напад на Израел во последните години, комбинирајќи ракетни удари со упад на неговите милитанти преку границата.

    Една жена загина откако десетици ракети беа испукани од појасот Газа кон Израел, објавија израелските итни служби. Утрово се огласија сирени за тревога низ цел јужен Израел, како и во пошироката област на Тел Авив, по што израелската војска соопшти дека возвратила со ракетирање цели во Газа.

    Уште 15 лица се ранети, од кои едно е во критична состојба. Милитантите од палестинската група Хамас ја презедоа одговорноста за нападите, тврдејќи дека испукале 5.000 ракети кон Израел за 20 минути.

    Одреден број терористи упадна на територијата на Израел од појасот Газа. На локалните жители им е кажано да не излегуваат надвор“, објавија Израелските одбранбени сили.

    Од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху кажаа дека шефовите на безбедносните служби ќе се сретнат денеска поради новите ракетни напади.

    Воениот заповедник на Хамас, Мохамад Деиф, го објави почетокот на воената акција, повикувајќи ги сите Палестинци да се придружат на борбата.

    Ова е денот на најголемата битка за завршување на последната окупација на Земјата“, изјави Деиф преку медиумите на Хамас.

    Израелските медиуми објавија дека напаѓачите почнале да пукаат во градот Сдерот во јужен Израел, додека палестинските медиуми кажаа дека неколкумина Израелци се заробени, при што кружат снимки од уништен израелски тенк.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира