ЗА 30 ГОДИНИ БИЛЕ УБИЕНИ 1.329 ИЗРАЕЛСКИ ЦИВИЛИ, А ВО ВЧЕРАШНИОТ НАПАД НА ХАМАС НАД 600

    ЗА 30 ГОДИНИ БИЛЕ УБИЕНИ 1.329 ИЗРАЕЛСКИ ЦИВИЛИ, А ВО ВЧЕРАШНИОТ НАПАД НА ХАМАС НАД 600Израелскиот совет за безбедност денеска и формално објави дека земјата е во војна (Фото: Гети)

    Повеќе од 600 Израелци, вклучувајќи 44 војници, загинаа во изненадувачкиот и добро координиран напад на палестинската милитантна група Хамас, со што ова е најсмртоносната ескалација во регионот во последните 50 години.

    Од потпишувањето на Договорот од Осло во 1993 година до почетокот на вчерашниот напад биле убиени вкупно 1.329 израелски цивили, што ги вклучува и 21 Израелец убиени во терористички напади во странство насочени специјално против израелски цели.

    Израелскиот совет за безбедност денеска и формално објави дека земјата е во војна. Израел возвраќа со силни воздушни напади на Газа, во кои досега загинале најмалку 370 Палестинци, а околу 2.220 се повредени. Исто така тврди дека досега се убиени над 400 палестински милитанти, а десетици се заробени.

    Израел е натеран да влезе во војна, која ќе биде долга и тешка. Сите скривалишта на Хамас ќе бидат претворени во руини“, кажа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

    Во исто време, лидерот на Хамас, Исмаил Ханијех изјави дека се на прагот на голема победа.

    Израелските сили спроведуваат операција за спас на заложници, чија бројка не е позната и за расчистување области заземени од Хамас вчера. Војската кажа дека се останати уште осум вакви локации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира