Две македонски книги за деца, сликовницата „Тигар на улица“ на Билјана С. Црвенковска и Катерина Николовска и илустрираната книга „Бамбино“ на Ника Гаврош и Никола Радуловиќ се избрани за вклучување во престижниот каталог „Бели гаврани“ (The White Ravens), каталог на 200 најдобри книги за деца и млади од целиот свет за 2023 .
„Тигар на улица“ ја издаде „Чудна шума“, а „Бамбино“ издавачката куќа „Гаврош“.
Ова е втора книга на Црвенковска и „Чудна шума“ која се вбројува во светскиот каталог. Првата беше „Бајки од Македонија (за цела година)“ во 2020.
Листата за „Белите гаврани“, како што вели Гавровска, e курирана од Меѓународната младинска библиотека во Минхен, Германија и е високо ценета меѓународна збирка на извонредна литература за деца и млади. Тимот се фокусира на наслови кои би можеле да бидат од особен интерес за меѓународната публика поради нивниот литературен и сликовен квалитет и/или темите што ги обработуваат.
Б. НЕСТОРОСКА