ПРОЕКЦИИ НА ДВА ЏЕЗ ДОКУМЕНТАРЦИ ВО КИНО ФРОСИНА, КАКО НАЈАВА ЗА СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

    ПРОЕКЦИИ НА ДВА ЏЕЗ ДОКУМЕНТАРЦИ ВО КИНО ФРОСИНА, КАКО НАЈАВА ЗА СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛПроекциите се дел од фестивалската „програма-плус“ на 42. Скопски џез фестивал. (Фото: СЏФ)

    Два документарни филмови за џез музиката ќе бидат прикажани утре, (15 октомври), во киното Фросина, како дел од фестивалската „програма-плус“ на 42. Скопски џез фестивал (СЏФ). Влезот е слободен, а ќе се прикажат: „Арт Пепер: белешки на еден преживеан џезер“ од 1982 во режија на Дон Мекглин и „Музика за црни гулаби“ од 2022 на Јорген Лет и Андреас Кофид.

    „Арт Пепер“, како што велат од СЏФ, е еден од најдобрите џез-документарци на сите времиња, за еден од најголемите и најфасцинантните музичари во светот на џезот.

    „Музика за црни гулаби“ е синематичен документарен филм којшто ги истражува животите и работниот процес на некои од најреномираните и најплодни светски џез-музичари, како Јакоб Бро, Бил Фризел, Ли Кониц, Пол Мотиан и Мидори Такада.

    Скопскиот џез фестивал на 19 октомври го отвораат норвешките џезери Јан Банг и Арве Хенриксен заедно со оркестарот на институтот ФАМЕС, а диригент ќе биде Џијан Емин, кој ги подготви и аранжманите за овој проект наречен „После пожарот“. Истата вечер ќе настапи и ансамблот на американскиот композитор, пејач и поет Бен Ламар Геј.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира