ОНЛАЈН РАБОТЕЊЕТО ГО НАМАЛУВА ИСЕЛУВАЊЕТО НА МЛАДИТЕ, КАЖАА НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ВО БИТОЛА

    ОНЛАЈН РАБОТЕЊЕТО ГО НАМАЛУВА ИСЕЛУВАЊЕТО НА МЛАДИТЕ, КАЖАА НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ВО БИТОЛАВо ковид-периодот процентот на млади кои работеле онлајн пораснал за 15 проценти (Фото: СДК.МК)

    Дури 18 проценти од младите во Македонија работат онлајн за странски компании, а ваквиот начин на работа е можност да се намали нивното иселување од државата, беше кажано на панел дискусијата за подобрувањето на онлајн вработувањето и издржливоста на младите луѓе во пост-ковид дигиталната ера, што се одржа во Битола.

    Онлајн вработувањата, односно дигиталната ера после ковидот зедоа голем замав и во тоа ќе биде иднината. Младите се адаптираат на тој начин на работа и команиите мора да бидат флексибилни за далечинско работење. Од последната наша статистика, 60 проценти од младите се насочуваат кон дигиталната работа. Имаат слобода и услови за работа и добро е платено. Се намалува процентот на младинска невработеност“, рече Александра Митревска од „Нејтив тимс“, компанија која се занимава со олеснување на алатките за наплата и вработување на фриленсери во Македонија и 60 земји низ светот.

    Милчо Дули, претседател на здружението „Сфера интернешнал“ од Битола, рече дека за време на ковид-периодот процентот на млади кои работеле онлајн пораснал за 15 проценти. Тој процент продолжува да расте, а во ИТ-индустријата платите се повисоки од просечната за 50 проценти.

    Од компјутер работат за странски компании, со што остануваат во нашата држава, а ги имаат вештините да знаат да препознаат добра работа и профитот ќе го користат тука. На вебстраницата која ја направивме можат да научат многу нови комуникациски и лидерски вештини, но и да се обучат за правни работи, за да бидат заштитени кога работат онлајн“, рече Дули.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира