„АЛКАЛОИД“ ОДБЕЛЕЖА ДВЕ ДЕЦЕНИИ УЧЕСТВО НА НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ ФАРМАЦЕВТСКИ НАСТАН

    „АЛКАЛОИД“ ОДБЕЛЕЖА ДВЕ ДЕЦЕНИИ УЧЕСТВО НА НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ ФАРМАЦЕВТСКИ НАСТАНПогон на Алкалоид (архивска фотографија)

    Алкалоид“ одбележа две децении учество на најреномираниот светски настан во областа на фармацијата CPhl – Convention of Pharmaceutical Ingredients. Тимот на „Алкалоид“ годинава броеше околу 30 професионалци од различни организациски сектори на компанијата и во трите работни дена оствари повеќе од 400 деловни средби со партнери, добавувачи и со нови потенцијални соработници.

    Под мотото „Во срцето на фармацевтската индустрија“, CPhI се одржа од 24 до 26 октомври во Барселона, каде што „Алкалоид“ се претстави со свој штанд, од каде што беше пренесена најважната порака: Здравјето пред сѐ.

    Вистинско професионално задоволство е на најпрестижниот фармацевтски саем во светот да се види штанд на ’Алкалоид’ со постојано пополнети термини за состаноци и со голем број заинтересирани соработници. Со секое следно учество на Cphl ’Алкалоид’ ги надминува очекувањата во делот на т. н. современо корпоративно претставување. Годинава за првпат имавме можност за организирање мрежен настан надвор од саемските хали. Честа која со своето присуство ни ја укажаа претставниците на врвните фармацевтски глобални играчи е од непроценлива важност за нас“, истакнаа од одделот Фармација при „Алкалоид“.

    CphI е најважниот настан од областа на фармацевтската индустрија и годинава собра повеќе од 65.000 посетители и преку 1.800 изложувачи.

    Вообичаено имаме средби со нашите постојни добавувачи на репроматеријали и активни состојки, нашите лиценцни партнери, консултанти и со други соработници на ’Алкалоид’, но, исто така, целиме кон нови контакти. Овде ќе најдете сѐ што постои во фармацевтската индустрија“, истакна Милош Радуловиќ, постар директор во сегментот фармација при „Алкалоид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира