БУРАТА КИРАН ДОНЕСЕ ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ВО ТОСКАНА, НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ

    БУРАТА КИРАН ДОНЕСЕ ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ВО ТОСКАНА, НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ЗАГИНАТИВо Тоскана е прогласена вонредна состојба (Фото: Анса)

    Големи делови од Тоскана се поплавени, а тројца луѓе загинаа и шестмина се водат како исчезнати откако силни дождови и ветрови ја погодија централна Италија. Водостојот на реката Арно расте и се очекува нејзиното прелевање денеска.

    Поплавите се последица на бурата Киран, која веќе однесе повеќе од десет животи во западна Европа. Ветрови од 207 километри на час претходно беа регистрирани на северозападниот брег на Франција, а бурата помина и низ јужна Англија, Белгија, Холандија и Германија, како и по атлантскиот брег на Шпанија и Португалија.

    Меѓу загинатите е и петгодишно дете врз кое падна дрво во Белгија.

    Бурата стигна до Тоскана вчеравечер и регионалниот гувернер Еугенио Џијани прогласи вонредна состојба откако ветровите достигнаа до 140 километри на час. Меѓу најпогодените области се Ливорно и неколку градови близу Фиренца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира