ОТИДОА ДА ПЕАТ ВО АМЕРИКА, А СЕ СЛИКАА КАКО ЛОВАТ СРНИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОТИДОА ДА ПЕАТ ВО АМЕРИКА, А СЕ СЛИКАА КАКО ЛОВАТ СРНИ

    Додека во Македонија се спроведуваат акции за спасување на бездомните животни поради ниските температури, музичари од битолскиот „Екстра Бенд“ за време на турнејата во Америка биле на лов на срна. Фотографиите на кои двајца членови од бендот стојат покрај ловџија со пушка во рака, кој за уво држи застрелана раскрвавена мртва срна, ги вжештија социјалните мрежи.
    Ваквото однесување беше осудено од здруженијата за заштита на животните, дел од музичарите од домашната естрада, како и од повеќемина битолчани. Тие реагираат дека не е во ред музичари кои отишле на турнеја да ја претстават македонската музика и култура, да се промовираат преку учество во насилни дејствија, како што е убивањето срни. Дел од коментарите се дека музичарите како јавни личности треба да се паметат по хумани дела, а не по фотографии со убиени животни.
    Од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ реагираат дека без разлика на тоа дали ловот на срни е дозволен или не во Америка, ловењето сепак значи насилство.
    По ваквите обвинувања на социјалните мрежи со коментар се јави Дејан Ѓоргијовски, вокал во „Екстра бенд“ кој не беше на ловот, но застана во одбрана на колегите.
    „Моите колеги беа присутни на обичен ловџиски чин кои го прават професионалци во своето лично, приватно место, тие не пукаа и не ловеа кога тоа се случи, само направија неколку слики. Моите колеги не убија никого, туку беа дел од една мала прошетка и видоа како ловџиите тоа го прават професионално и легално“, пишува Ѓоргијовски.
    Од бендот додаваат дека не се работи за криволов зашто ловењето срни е дозволено во Америка.

    Ж. Здравковска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира