31-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ДВАПАТИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ОГРАБИЛ ИСТА ОБЛОЖУВАЛНИЦА

    31-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ДВАПАТИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ОГРАБИЛ ИСТА ОБЛОЖУВАЛНИЦАСпоред обвинителството, осомничениот првиот пат одзел 98.987 денари и избегал, а вториот пат одзел 244.470 денари. (архивска фотографија)

    Скопското обвинителство денеска поведе постапка за кривичното дело Разбојништво против 31-годишник, осомничен дека во два наврати, на 1 и на 7 ноември, со употреба на сила и закана кон вработените, ограбил иста спортска обложувалница. Според обвинителството, тој првиот пат одзел 98.987 денари и избегал, а вториот пат одзел 244.470 денари.

    Полицијата, пак, вчера објави дека на 7 ноември полицајци од Аеродром и Драчево го уапсиле У.Ш. (31) од Скопје, осомничен дека непосредно пред апсењето, во спортска обложувалница во Центар, со закана кон вработената одзел пари. На 2 ноември, полицијата соопшти дека добила пријава за тешка кражба во две спортски обложувалници во Скопје и биле одземени два сефа со пари.

    Од обвинителството велат дека поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците/оштетените и веројатност осомничениот да го повтори делото, до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира