ПОЛОВИНА ОД ТИНЕЈЏЕРИТЕ НЕ КОРИСТАТ КОНДОМИ, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СЕКСУАЛНИОТ РАЗВОЈ НА МЛАДИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛОВИНА ОД ТИНЕЈЏЕРИТЕ НЕ КОРИСТАТ КОНДОМИ, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СЕКСУАЛНИОТ РАЗВОЈ НА МЛАДИТЕ

    Младите од Македонија не се безбедни и доволно подготвени за првите сексуални искуства и интимни релации. Голема родова диспропорција од 12:1 има во пријавените сексуални искуства кај 15-годишните момчиња и девојчиња, односно 36 отсто од момчињата и 3 отсто од девојчињата кажале дека на 15 години веќе имале сексуално искуство.

    Разлика постои и споредено со европскиот просек, каде 24 отсто од момчињата и 17 отсто од девојчињата на 15 години имале секс. Ова се главните заклучоци од истражувањето „Колку се еднакви и безбедни младите во Македонија во нивниот сексуален развој и сексуални искуства“, што го презентираше Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници.
    Лина Ќостарова Унковска, главен истражувач во проектот, рече дека истражувањето е правено врз база на Меѓународната студија за однесувањата поврзани со здравјето кај учениците на 15-годишна возраст, која е правена во 2014 година. Оваа студија се спроведува на секои четири години во 44 земји во светот.

    „Во однос на употребата на кондом, загрижувачки е податокот што само 20 отсто од девојчињата од албанско етничко потекло кажале дека користеле кондом, за разлика од момчињата албанци, од кои 62 отсто кажале дека при сексуалното искуство користеле кондом. Меѓу македонските момчиња 64 отсто користеле кондом, а 53 отсто од девојчињата“, рече Ќостарова Унковска.
    Таа смета дека однесувањето на момчињата и девојчињата е резултат на влијанието на македонското општество, кое е традиционално и морализаторско и на младите им наметнува улоги според кои треба да се однесуваат, а тие практично не учествуваат во сопствениот развој.

    „Од момчињата се очекува да бидат силни и мажествени и промискуитетното однесување се поттикнува. За разлика од нив девојчињата треба да бидат скромни и да не зборуваат за своите чувства. Тоа прави момчињата насилно да се однесуваат, а и самите почесто да бидат жртви и на физичко и на сексуално насилство и напади, додека девојчињата се повлекуваат во себе“, вели Ќостарова Унковска.
    Таа објасни дека друг загрижувачки податок е дека 30 отсто од девојчињата кои имале сексуално искуство кажале дека размислуваат за самоубиство.
    Момчињата и девојчињата пак кои искажале хомосексуални чувство, три пати повеќе се изложени на психичко и физичко малтретирање како во училиштата, така и во семејсвото за разлика од нивните хетеросексуални врсници.

    „Со сексуално образование на децата треба да се почне уште во градинките, на возраст од четири до пет години, кога децата ги осознаваат разликите и го осознаваат своето тело и полесно ќе ги прифатат разликите. Сексуалното и репродуктивното здравје не може да се разгледуваат одделно, туку во рамки на целокупниот живот, развој и благосостојба на децата. Поради таа традиционална, моралистичка и хетерономна ориентација кон родот што зема замав во нашето општество, има големи последици по социјалното, емоционалното и менталното здравје на децата и воопшто на нивниот развој“, рече Ќостарова Унковска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира