ДАНСКИ ПРАТЕНИК ИЗБРКАН ОД ВЛАДЕЈАЧКА ПАРТИЈА ОТКАКО ПРИЗНА ДЕКА Е ВО ВРСКА СО 15-ГОДИШНИЧКА

    ДАНСКИ ПРАТЕНИК ИЗБРКАН ОД ВЛАДЕЈАЧКА ПАРТИЈА ОТКАКО ПРИЗНА ДЕКА Е ВО ВРСКА СО 15-ГОДИШНИЧКАМајк Вила Фонсека рекол дека родителите на девојчето ја одобрувале врската (Фото: Скенпикс)

    Либералната партија Умерени, која е дел од владејачката коалиција во Данска, го избрка 28-годишниот пратеник Мајк Вила Фонсека од своето членство откако тој призна дека е во врска со 15-годишничка. Партијата се одлучила на ваков чекор зашто Фонсека ги прекршил нејзините правила кои забрануваат да се стапува во интимни односи со лица помлади од 18 години.

    Данскиот закон, пак, дозволува врски и сексуални односи со поединци на возраст од најмалку 15 години.

    Признанието на Фонсека дека е во врска со девојче предизвика жестоки реакции во Данска, особено откако се дозна дека тој бил пријател со нејзиното семејство откако таа имала десет години. Тој исто така рекол дека тие ја одобруваат нивната врска.

    Неколку големи партии во Данска кажаа дека нема да го примат Фонсека во своите редови, па тој ќе продолжи да работи како независен пратеник во парламентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира