МЕКСИКО ЈА ПОЧНА КАМПАЊАТА „ПОСВОЈ АКСОЛОТЛ“ ЗА СПАС НА ЗАГРОЗЕНИОТ ВИД САЛАМАНДЕР

    МЕКСИКО ЈА ПОЧНА КАМПАЊАТА „ПОСВОЈ АКСОЛОТЛ“ ЗА СПАС НА ЗАГРОЗЕНИОТ ВИД САЛАМАНДЕРПорано имаше во просек по 6.000 аксолотли на квадратен километар во Мексико, а сега има само 36. (Фото: АП)

    Еколозите од мексиканскиот Национален автономен универзитет повторно започнаа кампања за собирање пари за да ги зајакнат активностите за зачувување на аксолотлите, иконски, загрозен вид саламандер кој личи на риба. Кампањата, наречена „Посвојаксолотол“ (Adoptaxolotl), повикува да се донираат барем по 35 долари околу 35 долари за виртуелно да посвои едно од малите „водени чудовишта“. Виртуелното посвојување носи ажурирања во живо за здравјето на посвоениот аксолотл. За помалку пари, донаторите може да му купат виртуелна вечера на едно од аксолотлите.

    Во нивното главно живеалиште, густината на популацијата мексикански аксолотли опаднала за 99,5% за скоро две децении. Минатогодишната истоимена кампања собра нешто повеќе од 26.300 долари за експериментална програма за размножување во заробеништво и напори за обновување на живеалиштето во древните ацтечки канали во Ксочимилко, јужна населба на Мексико Сити. Сепак, нема доволно ресурси за темелно истражување, рече Алехандро Калзада, еколог кој ги истражува помалку познатите видови аксолотли во владиниот Оддел за животна средина.

    „Ни недостига голем мониторинг на сите потоци во Мексико Сити, а камоли на целата земја“, рече Калзада, кој води тим од девет истражувачи. „За оваа голема површина тоа не е доволно“.

    И покрај неодамнешниот пораст на популарноста, речиси сите 18 видови на аксолотл во Мексико и понатаму се критично загрозени, загрозени од загадувањето на водата, смртоносната водоземна габа и виножитната пастрмка што не е автохтона. Научниците некогаш можеа да најдат во просек по 6.000 аксолотли на квадратен километар во Мексико, а сега има само 36, според најновиот попис на Националниот автономен универзитет. Една понова меѓународна студија откри помалку од илјада мексикански аксолотли кои живеат во дивината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира