ДЕНОВИТЕ ОД ПРОДОЛЖЕНИОТ РАСПУСТ ЌЕ СЕ ОДРАБОТУВААТ ВО САБОТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕНОВИТЕ ОД ПРОДОЛЖЕНИОТ РАСПУСТ ЌЕ СЕ ОДРАБОТУВААТ ВО САБОТА

    Министерството за образование и наука ја прифати мерката на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за продолжување на зимскиот распуст за учениците, поради состојбата со грипот, јави агенцијата „Мета“. Со ова, и официјално, второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари, ќе почне на 23 јануари.­

    „Врз основа на сиот ризик што постои од грипот, предложената мерка е прифатлива за Министерството за образование и наука“, изјави денеска заменик-­министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

    Тој додаде дека МОН за одлуката денеска ќе ги извести сите училишта во државата, а двата дополнителни дена од зимскиот распуст (18 и 20 јануари) учениците ќе ги одработат во сабота за да се исполни вкупниот фонд од 180 наставни дена во учебната година.

    Одработувањето на деновите најверојатно ќе биде во март и во април.

    Продолжување на распустот, секојдневна дезинфекција на автобусите во јавниот градски превоз во Скопје и во другите градови со организиран јавен превоз и темелна дезинфекција на училиштата пред почетокот на второто полугодие од учебната година, се мерките за намалување на ширењето на грипот во земјава, што ги донесоа Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира