ЕКИПИ НА БРЗА ПОМОШ СЕ РАСПОРЕДЕНИ НА КЛУЧНИ ТОЧКИ НИЗ СКОПЈЕ, ПРЕЗЕМЕНИ СЕ ВОЗИЛА ОД ДРУГИ ГРАДОВИ ЗА ДА НЕ БИДЕ ЗАСЕГНАТА РЕДОВНАТА СЛУЖБА ЗА ВРЕМЕ НА САМИТОТ НА ОБСЕ, ВЕЛИ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРКАТА ЗА ЗДРАВСТВО

    ЕКИПИ НА БРЗА ПОМОШ СЕ РАСПОРЕДЕНИ НА КЛУЧНИ ТОЧКИ НИЗ СКОПЈЕ, ПРЕЗЕМЕНИ СЕ ВОЗИЛА ОД ДРУГИ ГРАДОВИ ЗА ДА НЕ БИДЕ ЗАСЕГНАТА РЕДОВНАТА СЛУЖБА ЗА ВРЕМЕ НА САМИТОТ НА ОБСЕ, ВЕЛИ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРКАТА ЗА ЗДРАВСТВОВо Скопје денес и утре се одржува 30. Министерски самит на ОБСЕ. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Здравствениот систем ќе функционира непречено за време на Самиот на ОБСЕ, само со засилени капацитети, изјави денеска заменик-министерката за здравство Маја Манолева.

    Во Скопје денес и утре се одржува 30. Министерски самит на ОБСЕ, и со одлука на Владата, денес државната администрација работеше до 12 часот, а утре е неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта. Одлуката не се однесува на градинките и здравствените установи.

    За Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство номинирано е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.

    „Тоа лице ќе ги координира евентуално потребните активности за здравствена заштита на некои од учесниците на Самитот. Освен ова, од најголемите здравствени установи, јавни и приватни, номинирани се одреден број на лица кои исто така во рамки на тие установи ќе ги координираат евентуално потребните активности“, изјави  таа.

    Манолева додаде дека, дополнително, дадено е известување до сите јавни здравствени установи, да имаат дополнителни екипи во приправност, ако се зголемат потребите за дополнителна здравствена услуга, во кадар, простор и опрема.

    Службите на Итната медицинска помош се распоредени на одредени стратешки точки.

    „Редовната служба на ИМП нема да биде засегната и таа ќе биде на располагање на населението, преземени се повеќе возила од околните градови“, кажа заменик-министерката.

    Денес од 13 часот и цел ден дутре (30 ноември) сѐ до завршување на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај булеварот Илинденска и дел од булеварот 8 Септември, соопшти МВР.

    Додека се одржува состанокот на ОБСЕ во СРЦ „Борис Трајковски“, за сообраќај ќе бидат затворени Илинденска, и тоа од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до крстосницата со улицата Љубљанска кај „Сити мол“, како и булеварот 8 Септември, од крстосницата со улицата Скупи до крстосницата со булеварот Партизански одреди.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира