ДИЏЕИ ПУШТАА МУЗИКА ВО ЧЕСТ НА СТОТИЦИТЕ УБИЕНИ ЛУЃЕ НА ТРАНС ФЕСТИВАЛОТ НОВА ВО ИЗРАЕЛ

    ДИЏЕИ ПУШТАА МУЗИКА ВО ЧЕСТ НА СТОТИЦИТЕ УБИЕНИ ЛУЃЕ НА ТРАНС ФЕСТИВАЛОТ НОВА ВО ИЗРАЕЛПетмина диџеи настапија на комеморативниот настан пред подиум на кој беа поставени само фотографии на убиените (Фото: Јутјуб)

    На едно од полињата на смртта во јужен Израел, израелски диџеи вчера пуштаа транс музика во чест на стотиците изгубени животи во бруталниот напад на милитантите на Хамас на музички фестивал на 7 октомври.

    Илјадници луѓе се журкаа во утринските часови тој ден на транс фестивалот Нова, кога упаднаа вооружени напаѓачи на Хамас. Петмина диџеи кои настапија на комеморативниот настан пуштаа музика пред подиум на кој беа поставени само фотографии на убиените.

    Организаторите го нарекоа настанот „Сет за ангелите“. Ашер Свиса, попознат како диџеј Скази, изјави дека имал мешани чувства.

    „Бев тажен за сите мои изгубени пријатели, но и среќен што ја вративме музиката. Верувам дека секој од овие луѓе го славеше животот и би сакале да славиме со нив со музика“, изјави Свиса.

    Според полицијата, во нападот на Хамас биле убиени 364 луѓе, а уште 40 биле земени како заложници. Тоа беше најсмртоносниот напад откако Хамас упадна од Газа во Израел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира