ЗАТВОРЕНА И ОГРАДЕНА НАКРИВЕНАТА КУЛА ВО БОЛОЊА ОД СТРАВ ДЕКА ЌЕ СЕ УРНЕ

    ЗАТВОРЕНА И ОГРАДЕНА НАКРИВЕНАТА КУЛА ВО БОЛОЊА ОД СТРАВ ДЕКА ЌЕ СЕ УРНЕКулата Гаризенда е една од двете кули кои доминираат со панорамата на Болоња. Другата кула, Асинели, е околу двапати повисока и, исто ака, е накривена, но не така драматично и вообичаено е отворена за туристи. (Фото: СДК.МК)

    Средновековната кула во италијанскиот град Болоња која што е накривена исто како познатата кула во Пиза е затворна поради страв дека може да се сруши. Властите почнаа да градат ограда висока 5 метри околу кулата Гаризенда од 12. век за да ја заштити околината од кулата во случај да се сруши.

    Кулата висока 47 метри е навалена под агол од 4 степени и мониторингот покажа дека се накривува уште повеќе. Градскиот совет ја опшиа ситуацијата како „високо критична“.

    Кулата Гаризенда е една од двете кули кои доминираат со панорамата на Болоња. Другата кула, Асинели, е околу двапати повисока и, исто ака, е накривена, но не така драматично и вообичаено е отворена за туристи.

    Двете структури се изградени помеѓу 1109 и 1119 година, но висината на кулата Гаризенда била намалена во 14. век, бидејќи уште тогаш почнала да се накривува. Кулата е спомената во поемата на Данте „Божествена комедија“ од 1321 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира