ПОЧИНА АКТЕРОТ РАЈАН О‘НИЛ, ЅВЕЗДАТА НА „ЉУБОВНА ПРИКАЗНА“

    ПОЧИНА АКТЕРОТ РАЈАН О‘НИЛ, ЅВЕЗДАТА НА „ЉУБОВНА ПРИКАЗНА“О‘Нил беше една од најголемите ѕвезди во Холивуд во 1970-тите (Фото: Гети)

    Американскиот актер Рајан О‘Нил, една од најголемите филмски ѕвезди во 1970-тите, почина на 82 години, потврди неговиот син Патрик. Причината за смртта не беше објавена, но познато е дека О‘Нил во минатото се лекуваше од хронична леукемија и рак на простата.

    Мојот татко беше холивудска легенда и точка. Тој отсекогаш беше мој херој“, изјави Патрик О‘Нил.

    Рајан О‘Нил се занимавал со бокс пред да почне актерска кариера. Благодарение на добриот изглед, тој ги замени телевизиските сапуници со Холивуд, прославувајќи се во „Љубовна приказна“, еден од најпознатите романтични филмови на сите времиња. Таму глумеше студент од Харвард кој се вљубува во девојка од работничка класа, која ја играше Али Мекгро. За оваа улога беше номиниран за Оскар и Златен глобус за најдобар актер.

    Тоа водеше кон други големи хитови како „Зошто татко ти те пушта сама?“, „Месечина од хартија“, „Бери Линдон“ и „Возач“, но неговата слава почна да бледнее со доаѓањето на 1980-тите, по што во јавноста првенствено го имаше поради турбулентниот приватен живот.

    Двапати се женеше, но попозната е неговата долгогодишна врска со актерката Фара Фосет, која траеше од 1979 до 1997 и потоа повторно од 2001 до нејзината смрт во 2009. Неговата ќерка од првиот брак Тејтум беше наградена со Оскар за „Месечина од хартија“ кога имаше само десет години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира