МЕЛОНИ, СУНАК И РАМА ЗАЕДНО ЌЕ СЕ БОРАТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ И НЕЛЕГАЛНАТА МИГРАЦИЈА

    МЕЛОНИ, СУНАК И РАМА ЗАЕДНО ЌЕ СЕ БОРАТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ И НЕЛЕГАЛНАТА МИГРАЦИЈАПремиертите на Албанија, Италија И Велика Британија на средбата во Рим за сузбивање на нелегалната миграција. (Фото: АП)

    Лидерите на Италија и Велика Британија се согласија да се справат со нерегуларната миграција во Европа, ветувајќи дека ќе ја интензивираат соработката во борбата против трговијата со луѓе. На италијанскaта премиерка Џорџа Мелони и премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, кои разговараа во Рим, им се придружи и албанскиот колега Еди Рама, кој се смета за клучен сојузник во напорите за управување со пристигнувањето мигранти од Северна Африка до европските брегови.

    Канцеларијата на Мелони во соопштението по средбата кажа дека разговорите со Сунак „се фокусирале првенствено на заедничката работа на полето на миграцијата во рамките на Меморандумот за разбирање потпишан во Лондон“ во април. Двајцата лидери се согласиле да го кофинансираат првиот италијанско-британски проект за помош на доброволни репатријации во земјите на потекло, изготвен од Меѓународната организација за миграција за мигрантите заглавени во Тунис. Мелони, Сунак и Рама се согласија за потребата од управување со нерегуларната миграција „на сè поструктуиран начин, дополнително интензивирање на соработката меѓу трите земји за борба против трговијата со луѓе“, се вели во соопштението.

    Во последниве месеци, Сунак разви силно партнерство со Мелони и се обиде да добие поддршка од другите европски лидери за да помогне во сузбивањето на миграцијата, а Албанија и Италија се сметаат за клучни партнери. По средбата со Мелони, Сунак се појави и на политички собир организиран од нејзината партија „Браќата на Италија“, заедно со други меѓународни гости, меѓу кои ги Рама и милијардерот Илон Маск.

    Во говорот, Сунак предупреди дека неуспешното справување со прашањето на нерегуларната миграција ќе заврши со „уништување на вербата на јавноста“ во политичарите и владите.

    „Ако не се справиме со овој проблем, бројките само ќе растат“, рече тој. „Тоа ќе ги надмине нашите земји и нашиот капацитет да им помогнеме на оние на кои навистина им е најпотребна нашата помош. Ако тоа бара од нас да ги ажурираме нашите закони и да водиме меѓународен разговор за измена на повоените рамки околу азилот, тогаш мораме да го сториме“.

    Спорниот договор за миграција што неодамна беше склучен меѓу италијанската и албанската влада е делумно инспириран од долготрајните обиди на владата на Обединетото Кралство да ги депортира барателите на азил во Руанда. Договорот меѓу Рим и Тирана вклучува прием и обработка на мигранти во Албанија, но албанскиот Уставен суд ја суспендираше неговата ратификација во парламентот во очекување на одлуката за оспорување на планот. Рама во Рим рече дека е „уверен“ во оценката на судот за договорот, бидејќи „нема ништо противуставно“ и дека очекува одлуката да биде донесена „многу порано“ од крајниот рок во март. На почетокот на ноември, Рама и Мелони потпишаа првичен договор за формирање два центра во Албанија за обработка на барањата за азил на мигрантите и бегалците кои беа спасени на море од италијанската морнарица, крајбрежната стража и полициските бродови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира