БЕРН САКА ДА ДОЗВОЛИ ЛЕГАЛНА ПРОДАЖБА НА КОКАИН ЗАШТО ШВАЈЦАРИЈА ЈА ГУБИ ВОЈНАТА ПРОТИВ ДРОГИТЕ

    БЕРН САКА ДА ДОЗВОЛИ ЛЕГАЛНА ПРОДАЖБА НА КОКАИН ЗАШТО ШВАЈЦАРИЈА ЈА ГУБИ ВОЈНАТА ПРОТИВ ДРОГИТЕШвајцарија ја има една од највисоките стапки на користење кокаин во Европа (Фото: Гети)

    Главниот град на Швајцарија, Берн, разгледува пробна шема со која ќе се дозволи продажбата на кокаин за рекреативна употреба, како радикален пристап кон војната против дроги за кој се верува дека никаде не бил применет досега. Парламентот во Берн ја прифати идејата, но за да се реализира, ќе треба да се променат национални закони и да се добие поддршка од опозицијата во градската власт.

    Политиките за дроги значително се менуваат низ светот, па американската сојузна држава Орегон декриминализираше поседување мали количини кокаин во 2021. Во многу европски држави, како Шпанија и Португалија, веќе не се изрекуваат затворски казни за поседување дроги, меѓу кои и кокаин, но никаде досега не се појавил предлог како овој во Берн.

    Швајцарија го преиспитува својот став за дрогите откако некои политичари и експерти ги критикуваа целосните забрани како неефикасни, па се предложи, што моментално е во рана фаза, да се дозволи легална продажба на канабис.

    Војната против дрогите пропадна и мора да разгледаме нови идеи. Контролата и законодавството се подобри опции од репресија“, изјави градската советничка Ева Чен.

    Богатата Швајцарија ја има една од највисоките стапки на користење кокаин во Европа, при што Цирих, Базел и Женева се во топ-10 градови.

    Моментално има многу кокаин во Швајцарија, и тоа од највисок квалитет и по најниските цени што сме ги виделе досега. Овие денови можете да најдете доза кокаин за десет франци, што не е многу поскапо од пиво“, изјави Франк Цобел, заменик-директор на невладината организација „Зависности Швајцарија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира