ЗА ВЛЕЗ ВО БУГАРИЈА НА ДЕВЕ БАИР СЕ ЧЕКА И ПО ТРИ ЧАСА

a:1:{s:9:"td_source";s:50:"ДевеБаир,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ВЛЕЗ ВО БУГАРИЈА НА ДЕВЕ БАИР СЕ ЧЕКА И ПО ТРИ ЧАСА

    За влез во Бугарија на граничниот премин Деве Баир има километарска колона и се чека и по три часа, јавуваат граѓани кои денеска се заглавени на приодот кон граничниот премин.

    Долга колона со возила има и од бугарската страна на преминот, каде се чека околу час и половина за влез во Македонија.

    Според службата за помош и информации на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

    Голем број македонски граѓани викендов се враќаат од скијачките центри Банско и Боровец во Бугарија, но уште поголем број денеска се заминати во спротивен правец.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира