КИНА ЌЕ СТАВИ КРАЈ НА НЕРАЦИОНАЛНИТЕ ФУДБАЛСКИ ТРАНСФЕРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Шангај,(АП)

    КИНА ЌЕ СТАВИ КРАЈ НА НЕРАЦИОНАЛНИТЕ ФУДБАЛСКИ ТРАНСФЕРИ

    Кинеската фудбалска асоцијација соопшти дека планира серија мерки како одговор на „нерационалното” трошење на клубовите за транфери и за платите на играчите, поради загриженоста дека странските ѕвезди ги потиснуваат локалните таленти и ѝ наштетуваат на целите на земјата да стане глобална сила во светскиот фудбал.

    Кинеската фудбалска асоцијација вели во соопштението дека засега неидентификуваните чекори ќе ги таргетираат „операциите и управувањето” на тимовите во највисоките лиги на Кинеската Супер лига и Кинеската Премиер Лига.

    Новите мерки ќе се осврнат на „последните ирационални инвестиции од страна на клубовите, високите тарифи на трансфер и плати доделени на домашни и меѓународни спортисти, како и други прашања”, вели КФА во соопштението.

    Масивното трошење од страна на кинеските клубови на играчи како Аргентинецот Карлос Тевес го привлече светското внимание, зголемувајќи ги стравувањата кај некои дека странските ѕвезди ги лишуваат локалните играчи од можноста да растат. Тоа може да ги задуши обидите на владата да се произведат таленти способни за постигнување на својата декларирана цел за победа на Светското првенство во 2050 година. Дел од напорите на кинескиот претседател Кси Џинпинг е фудбалскиот успех да стане национален приоритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира