ГРЦИЈА И АЛБАНИЈА ЗАЕДНО СПАСИЈА МЕЧКА КОЈА ЦЕЛА НЕДЕЛА БИЛА ЗАРОБЕНА ВО ЗАМКА КАЈ ПОГРАДЕЦ

    ГРЦИЈА И АЛБАНИЈА ЗАЕДНО СПАСИЈА МЕЧКА КОЈА ЦЕЛА НЕДЕЛА БИЛА ЗАРОБЕНА ВО ЗАМКА КАЈ ПОГРАДЕЦСе верува дека мечката преживеала хранејќи се со блиските корени и лисја

    Возрасна мечка беше ослободена од нелегална замка со заедничките напори на грчките и албанските власти и организации за диви животни. Тешка околу 90 килограми, петгодишната мечка успеала да преживее длабоко во шумата цела недела откако била фатена во стегите на челична замка, каква што често користат ловокрадците.

    Иако не можела да се движи, се верува дека мечката преживеала хранејќи се со блиските корени и лисја, што ѝ помогнало да остане хидрирана. Инцидентот се случил во близина на албанскиот град Поградец.

    Во акцијата на спасување учествувале еколошката организација „Калисто“ од Солун и три од Албанија. „Калисто“ и Албанската организација за заштита и зачувување на природната средина во изминатите две години заедно работат на проект за заштита на кафеавите мечки во областите кои граничат со Грција, Албанија и Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира