Вулкан утринава еруптираше близу рибарскиот град Гриндавик на југоистокот на Исланд, исфрлајќи лава помалку од еден месец по претходната ерупција во областа. Властите изградија бариери од земја и камења за да ја спречат лавата да стигне до Гриндавик, но нивните напори беа попусти.
Исландската метеоролошка канцеларија кажа дека според првичните информации, попуштила одбраната што се градеше северно од Гриндавик.
„Лавата сега тече кон Гриндавик. Врз основа на мерењата од хеликоптерот на Крајбрежната стража, таа сега е стигната на 450 метри од најсеверните куќи во градот. Нема животи во опасност, но загрозена е инфраструктурата“, кажа исландскиот претседател Гудни Јоханесон.
3.800-те жители на Гриндавик беа евакуирани уште пред неколку недели за секој случај. Околу стотина жители се вратија во меѓувреме, но повторно беа евакуирани во саботата.