На поранешниот службеник во американската Национална агенција за безбедност (НСА), Едвард Сноуден, му е продолжен престојот во Русија, соопшти портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„На Сноуден штотуку му е продолжен престојот за уште неколку години“, напиша Захарова на Фејсбук.
Адвокатот на Сноуден, Анатоли Кучерена, за агенцијата „РИА Новости“ кажа дека дозволата за престој е продолжена до 2020 година. Тој, исто така, рече дека од следната година Сноуден ќе има право да аплицира за руско државјанство.
Snowden’s Russian lawyer, Anatoly Kucherena, told RIA Novosti news agency that the permit had been extended until 2020. He also said that as of next year, Snowden would have the right to apply for Russian citizenship.
Во јуни 2013 година Сноуден на „Вашингтон пост“ и на „Гардијан“ им предаде доверливи материјали за американските и за британските програми за следење на интернет. Потоа замина за Хонгконг, од каде на 23 јуни истата година замина за Москва и престојуваше во транзит-зоната на московскиот аеродром „Шереметјево“.
Во август истата година добил привремен азил во Русија.
Сноуден во САД се товари за издавање тајни документи на специјалните служби на други земји и по секоја од трите точки му се заканува до 10 години затворска казна.