РУСКИ ТРАНСПОРТЕН АВИОН СЕ УРНА ВО БЕЛГОРОД, МОСКВА ТВРДИ ДЕКА ПРЕВЕЗУВАЛ УКРАИНСКИ ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ

    РУСКИ ТРАНСПОРТЕН АВИОН СЕ УРНА ВО БЕЛГОРОД, МОСКВА ТВРДИ ДЕКА ПРЕВЕЗУВАЛ УКРАИНСКИ ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИВидеоснимка објавена на Телеграм покажува како голем авион паѓа близу селото Јаблоново во рускиот регион Белгород, по што експлодира (Фото: принтскрин)

    Руски транспортен авион кој превезувал украински воени заробеници се урна близу украинската граница, објави руското министерство за одбрана. Во воениот авион „иљушин ил-76“ наводно биле 65 Украинци кои требало да бидат разменети за руски воени заробеници, како и тројца руски чувари и шестмина членови на посадата.

    Засега нема официјални информации за причините за падот на авионот. Пратеникот во рускиот парламент и пензиониран генерал Андреј Картаполов изјави дека авионот бил погоден со три проектили, не откривајќи од каде му е таа информација.

    Руски извори велат дека во воздухот истовремено бил уште еден авион со 80 украински воени заробеници, кој потоа се вратил назад.

    Видеоснимка објавена на Телеграм покажува како голем авион паѓа близу селото Јаблоново во рускиот регион Белгород, по што експлодира. Гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека истражителите и спасувачките екипи се веќе на местото на несреќата.

    Белгород, кој граничи со Украина, беше често напаѓан од украинската територија во изминатите месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира