НА НЕПОЛНИ 500 МЕТРИ ОД УЧИЛИШТАТА ВО ЦЕНТАРОТ НА ШТИП СЕ НАОЃААТ ДЕСЕТИЦИ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ, КАЗИНА И ПРОДАВНИЦИ ЗА БРЗИ КРЕДИТИ

    НА НЕПОЛНИ 500 МЕТРИ ОД УЧИЛИШТАТА ВО ЦЕНТАРОТ НА ШТИП СЕ НАОЃААТ ДЕСЕТИЦИ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ, КАЗИНА И ПРОДАВНИЦИ ЗА БРЗИ КРЕДИТИОд Општина Штип се оградуваат од ваквата состојба зашто немале ингеренции кој и што отвора (Фото: СДК.МК)

    Центарот на Штип, како што велат граѓаните, сѐ повеќе наликува на Лас Вегас. Разликата е што во Штип на само 100, 200 или 500 метри од обложувалници или казина се наоѓаат основни и средни училишта.

    „Во строгиот центар на Штип веќе има триесетина обложувалници, казина и продавници за брзи кредити. Ваков арсенал на коцкарници Штип немал никогаш во својата историја“, велат штипјани.

    Од Општина Штип се оградуваат од ваквата состојба, со образложение дека тие немаат ингеренции кој и што отвора, затоа што целокупната регулатива е во надлежност на државата и законите што во последно време ги донесе парламентот.

    „Реагиравме и пак ќе реагираме што во центарот на градот како печурки по дожд никнуваат обложувалници, коцкарници и продавници за брзи кредити, од чии камати ‘изгореа‘ голем број граѓани, а загубите во казината ги плаќаат со продажба на своите куќи. Ваквите објекти се и во близина на училиштата“, вели Трајче Здравков од кабинетот на Општина Штип.

    Оваа година, во строгиот центар на Штип се затворија повеќе трговски дуќани, кафулиња и продавници на спортска опрема, кои по издавањето прераснуваат во обложувалници или казина. Сопственците најголем ќар гледаат во издавањето под кирија затоа што таа варијанта им била најповолна.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира