ИЗРАБОТИВМЕ ЧЕТИРИ ПЛАНА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ СО АНАЛИЗА НА НИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА, КАЖА МИНИСТЕРКАТА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА КАЈА ШУКОВА

    ИЗРАБОТИВМЕ ЧЕТИРИ ПЛАНА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ СО АНАЛИЗА НА НИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА, КАЖА МИНИСТЕРКАТА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА КАЈА ШУКОВАШукова кажа дека нејзиното Министерство го подготви предлог-законот за климатска акција (Фото: МИА)

    Македонија има изработено четири национални плана за климатски промени во кои детално се анализирани климатски сценарија и нивните влијанија врз најзасегнатите сектори и притоа се предложени мерки за ублажување на влијанијата, кажа министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Таа се обрати на завршната конференција од проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“, што ја организираше Центарот за климатски промени.

    „Министерството го подготви предлог-законот за климатска акција, за кој лани имаше неколку јавни расправи, а покрај донесувањето на правната рамка, ни претстои долгорочна соработка помеѓу националните и локалните институции во делот на спроведувањето на мерките за прилагодување. Како мала земја ранлива на климатските промени, ќе посветиме посебни напори за да го донесеме долгоочекуваниот Национален план за адаптација, за чие идно спроведување ќе биде потребна дополнителна финансиска и техничка помош од донаторската заедница“, кажа Шукова.

    Директорoт на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, рече дека ризиците поврзани со природни непогоди и климатски промени имаат нагорен тренд и сѐ почесто предизвикуваат штети и последици.

    „ЦУК затоа посветува посебно внимание на исполнувањето на своите законски надлежности во делот на изработка и ажурирање на проценките за загрозеност на безбедноста на општините, Градот Скопје и државата“, рече Ангелов.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира