ПОЧИНА АКТЕРОТ КАРЛ ВЕДЕРС, ЛЕГЕНДАРНИОТ АПОЛО КРИД ОД „РОКИ“

    ПОЧИНА АКТЕРОТ КАРЛ ВЕДЕРС, ЛЕГЕНДАРНИОТ АПОЛО КРИД ОД „РОКИ“Ведерс ја почнал кариерата како фудбалер, пред да стане актер (Фото: АП)

    Карл Ведерс, американскиот актер кој се прослави како боксерот Аполо Крид во серијалот филмови за Роки, почина на 76 години. Ведерс, кој го глумеше Аполо Крид во првите четири дела на „Роки“, починал мирно во сон, објави неговото семејство.

    Ведерс беше фудбалска колеџ ѕвезда и играше и во НФЛ, завршувајќи ја професионалната спортска кариера во почетокот на 1970-тите, по што премина во актери. По неколку помали улоги, големиот пробив дојде во 1976 со „Роки“, кога првпат се соочи во рингот со Роки Балбоа (Силвестер Сталоне). Наводно ја добил улогата откако на аудицијата ја критикувал глумата на Сталоне.

    Ведерс ја повтори улогата и во следните три дела на „Роки“, по што оствари уште една незаборавна улога, во култниот акциски филм „Предатор“ со Арнолд Шварценегер.

    Во кариерата сними 80-ина филмови и серии, а за една од последните улоги, во серијата „Мандалорец“, беше номиниран за Еми во 2021.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира