Руски проектили утрово ги погодија Киев, Харкив и други украински градови, при што загинаа најмалку четворица луѓе, а над 30 се ранети, објавија украинските власти. Претседателот Зеленски изјави дека три лица загинале во Киев и дека можеби има уште луѓе под урнатините, како и едно во јужниот град Миколаив.
Тревога за воздушна опасност беше огласена во целата земја, а експлозии се регистрирани и во Лвов близу полската граница. Ова е прв напад врз Киев овој месец.
„Делови од Киев се без струја по утринскиот напад“, кажа градоначалникот Витали Кличко.
Шефот на украинската војска Валери Залужни кажа дека Русија лансирала 64 проектили и дронови во неколку серии, од кои 44 биле пресретнати. Руски крстосувачки проектили биле детектирани и над западните региони Лвов. Тернопил и Ивано-Франкивск, кои поретко се цел на напади.