ЗЕЛЕНСКИ ГО СМЕНИ ЗАЛУЖНИ И ЗА НОВ ШЕФ НА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ГО НАЗНАЧИ ГЕНЕРАЛОТ СИРСКИ

    ЗЕЛЕНСКИ ГО СМЕНИ ЗАЛУЖНИ И ЗА НОВ ШЕФ НА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ГО НАЗНАЧИ ГЕНЕРАЛОТ СИРСКИВеќе неколку месеци односите помеѓу Зеленски и Залужни беа тензични

    Володимир Зеленски го отпушти шефот на украинската војска Валери Залужни, што доаѓа по шпекуациите дека постои судир помеѓу нив. Генералот Залужни раководеше со украинските воени напори од почетокот на руската инвазија пред речиси две години и ужива голема популарност во земјата.

    Ова е најголемата промена во украинските вооружени сили од почетокот на војната. Зеленски кажа дека е потребна обнова на високото заповедништво и додаде дека Залужни би можел да остане во тимот.

    Почнувајќи од денеска, нов управувачки тим ќе го преземе водството на вооружените сили на Украина. Јас и генералот Залужни имавме искрен разговор за промените потребни во армијата и му се заблагодарив за одбраната на земјата“, изјави Зеленски.

    За нов шеф на генералштабот е назначен генерал-полковникот Олександр Сирски, кој досега командуваше со воените операции во источна Украина. Тој ја предводеше одбраната на Киев во раната фаза на војната и се истакна со успешната противофанзива во регионот на Харкив.

    Веќе неколку месеци односите помеѓу Зеленски и Залужни беа тензични, што излезе и во јавност во ноември откако стана јасно дека украинската противофанзива е неуспешна. Залужни особено го налути Зеленски со изјавата дека војната е во ќор-сокак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира