Хоакин Гузман Лоера, злогласниот лидер на мексиканскиот нарко картел Синалоа, познат како Ел Чапо, кој двапати избега од мексикански затвори, беше екстрадиран во САД, соопштија властите. Тој денеска треба да се појави пред суд во Њујорк.
Мексиканското министерство за надворешни работи соопшти дека Гузман е предаден на американските власти, а двајца високи претставници на САД ја потврдија информацијата.
Американската управа за борба против наркотици го презела Гузман во Сиудад Хуарес, во мексиканската држава Чивава, во близина на градот Ел Пасо, а потоа со авион е пренесен во Њујорк, каде пристигнал околу 17.30 часот по локално време.
Водачот на картелот Синалоа е уапсен пред една година, откако вторпат побегна од затвор со максимално обезбедување, низ тунел ископан од неговата ќелија.
САД се обидуваа да го изведат Гузман пред американскиот суд откако првпат е обвинет кон почетокот на 90-тите години на минатата година. На Гузман му се заканува доживотна затворска кана по обвиненијата поднесени во повеќе американски градови, вклучувајќи ги Њујорк, Сан Диего, Чикаго и Мајами.