ДА ПОСТОЕШЕ МОЖНОСТ ЗА УСТАВНА ТУЖБА, ГРАЃАНИТЕ ЌЕ МОЖЕА ДА ТУЖАТ ЗА СЕКОЕ НАРУШЕНО УСТАВНО ПРАВО, ВЕЛИ КАЦАРСКА

    ДА ПОСТОЕШЕ МОЖНОСТ ЗА УСТАВНА ТУЖБА, ГРАЃАНИТЕ ЌЕ МОЖЕА ДА ТУЖАТ ЗА СЕКОЕ НАРУШЕНО УСТАВНО ПРАВО, ВЕЛИ КАЦАРСКАПо повод 60-годишнината од Уставниот суд, издадена е поштенска марка. - Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска на денешната промоција (Фото: СДК.МК)

    Во Уставниот суд се формирани пет предмети по иницијатива на граѓани во врска за личните карти, возачките дозволи и за пасошите, но претседателската на судот Добрила Кацарска вели дека граѓаните треба да знаат дека слободата на движење не е во нивна надлежност. Таа додава дека да постоеше можност за уставна тужба, нешто што таа вели дека силно го поддржува, тогаш граѓаните ќе можеле да поднесуваат уставни тужби за секое нарушено уставно загарантирано право.

    „Слободата на движење не е наша надлежност. Ако имавме можност за уставна тужба, тогаш ќе можеа граѓаните до Уставниот суд да поднесат тужба за секое нарушено уставно загарантирано право“, кажа Кацарска денеска на настан за одбележување на 60 години од првата седница на Уставниот суд.

    Овие пет предмети се однесуваат на периодот на издавањето на овие лични документи, односно на нивното времетраење зашто некои се уште се со важност, како и на слободата на движење која е ограничена, според Кацарска.

    „Се работи за она што е актуелно во нашата држава, за личните карти, за возачките дозволи и за пасошите“, рече таа.

    По повод 60-годишнината од Уставниот суд, издадена е поштенска марка. Со помош на ОБСЕ ќе се издаде и монографија за Уставниот суд, а ќе се организира и крводарителска акција. Дополнотелно, судот ќе се ребрендира со нова веб страна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира