Грчкиот Парламент со големо мнозинство изгласа закон со кој се легализираат истополовите бракови. Законот беше изгласан доцна во четвртокот навечер, со 176 гласа „за“ наспроти 76 „против“ во Парламентот од 300 пратеници, а 46 беа воздржани.
Објавата на резултатите од гласањето беше поздравена со воздржан аплауз.
Грција е прва православна земја во светот што легализира истополови бракови. Во ЕУ 16 земји веќе имаат слични закони.
Законот им дозволува на двојки од ист пол да регистрираат граѓански брак.
Досега, од декември 2015 во Грција беа дозволени таканаречени „договори за заедничко живеење“.
Грчкиот премиер Мицотакис беше соочен со силен отпор, не само во својата влада, туку и од моќната Православна црква, која предупреди дека озаконувањето на истополовите бракови ќе биде првиот чекор кон одобрувањето на родителските права за ЛГБТ заедницата и кон демонтирањето на грчкото општество.
Тој своја одлука ја бранеше со тоа дека ова значи елиминација на секоја дискриминација врз основа на сексуална ориентација и дека не е нешто радикално различно од она што важи во другите европски земји.