БАЛКАНСКИОТ РИС ВЛЕЗЕ НА ЛИСТАТА НА ПРЕСЕЛНИ ВИДОВИ НА БОНСКАТА КОНВЕНЦИЈА, МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА МОРА ДА ГО ЗАЧУВААТ

    БАЛКАНСКИОТ РИС ВЛЕЗЕ НА ЛИСТАТА НА ПРЕСЕЛНИ ВИДОВИ НА БОНСКАТА КОНВЕНЦИЈА, МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА МОРА ДА ГО ЗАЧУВААТБалканскиот рис се соочува со недостиг на поволни и поврзани живеалишта поради прекумерната експлоатација на шумите. (Фото: „Балкан линкс“)

    Балканскиот рис се најде на списокот на преселни видови на Бонската конвенција, а Македонија и Албанија заедно ќе го штитат неговиот опстанок, соопшти Македонското еколошко друштво (МЕД). Балканскиот рис е загрозен подвид на евроазискиот рис и неговиот загрозен подвид, и заедно се најдоа на списокот на преселни видови.

    „Ова се одлични вести за сите заштитари од Европа и Азија“, вели Диме Меловски од МЕД, кој во на конферецијата во Самарканд, Узбекистан го образложи предлогот за вметнување на балканскиот рис во Бонската конвенција.

    Предлогот балканскиот рис да биде ставен на Прилог 1 од Бонската конвенција го даде македонската Влада со поддршка на албанската.

    „Ова е особено важно, бидејќи, со овој чин, властите недвосмислено се заложуваат да ја заштитат оваа ретка мачка. Преостанати се помалку од 50 возрасни единки од балканскиот рис. Распространувањето му е расцепкано низ Македонија, Албанија и Косово. Пред одржувањето на Конференцијата, партнерите на проектот – МЕД во Македонија и ППНЕА во Албанија – спроведоа кампања за овој важен исчекор во заштитата на балканскиот рис и лобираа кај владите во Скопје и Тирана“, велат од Друштвото.

    Со вклучувањето на балканскиот рис на Бонската конвенција, владите од земјите се заложуваат да создадат најдобри можни услови за зачувување на балканскиот рис,  како што е мониторинг на балканскиот рис.

    Балканскиот рис претставува подвид на евроазискиот рис. Балканскиот рис се соочува со недостиг на поволни и поврзани живеалишта поради прекумерната експлоатација на шумите. Ова резултира и со намалена достапност на пленот. Дополнителна отежнителна околност е криволовот на веќе намалената дива популација на пленот. Згора на тоа, и самиот рис е жртва на криволов поради ловот на трофеи или погрешната перцепција дека убива стока.

    Сите партнерски организации од Програмата за закрепнување на балканскиот рис (Еуронатур од Германија, КОРА од Швајцарија, МЕД од Македонија, ППНЕА од Албанија и ЕРА од Косово) се залагаат да ги прошират и споделат сознанијата за рисот, да остварат ефективна заштита на оваа таинствена мачка и да ги зачуваат нејзините живеалишта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира