НОВИНАРКИТЕ СИМОНОВСКА И МУЛАЧКА ЈА ДОБИЈА НАГРАДАТА НА ЗНМ ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ЗА КРИМИНАЛОТ СО ЦИТОСТАТИЦИ НА ОНКОЛОГИЈА

    НОВИНАРКИТЕ СИМОНОВСКА И МУЛАЧКА ЈА ДОБИЈА НАГРАДАТА НА ЗНМ ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ЗА КРИМИНАЛОТ СО ЦИТОСТАТИЦИ НА ОНКОЛОГИЈАЗНМ одбележа 78 години постоење со доделување на годишните новинарски награди „Јашар Еребара“ и „Крсте Петков Мисирков“. (Фото: ЗНМ)

    Годишната награда за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја освоија Мирослава Симоновска од „Слободен печат“ за сториите „Клиниката за Онкологија во 2017 година го фрлила во подрум системот за следење на цитостатици кој оневозможува да се крадат дози“ и „Потресен исказ за Онкологија во судница: Не ми беше за парите што му ги давав на аптекарот, туку затоа што не ми се даваше терапија“ и Ирена Мулачка од „Фокус“ за вестите во низа за скандалот со клиниката за онкологија во Скопје.

    Награда за новинарско известување на теми од локално и регионално значење доби Анета Блажевска за сторијата „Како „Мал битолски Монмартр“ ја пречекори ликовната граница и премина во политиката“.

    Признанијата за посебен придонес во промоција на професионалното истражувачко новинарство се доделени на Петар Клинчарски, Фисник Џелили, Горан Антевски и Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

    Наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело ја доби Соња Николовска од „Телма“.

    На вечерашната свеченост, ЗНМ одбележа 78 години постоење со доделување на годишните новинарски награди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира