На пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски му застаре делото Злоупотреба на службената положба и овластување во случајот „Моќник“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Застаре и делото на татко му Милош Милошоски во истиот случај, кој беше обвинет за Измама.
Случајот „Моќник“, почнат од поранешното СЈО, е во врска со продажба на државен имот во Општина Македонски Брод.
„Согласно направените измени од страна на Јавниот обвинител и тоа во фаза на завршни зборови, судот, по сила на Законот односно чл. 402 т.6 од ЗКП, донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради настаната АПСОЛУТНА ЗАСТАРЕНОСТ на кривичното гонење согласно чл. 107 ст.1 т. 4 вв со чл. 108 ст.6 од КЗ“, соопштија од судот.
Трошоците на постапката паѓаат на товар на Буџетот на државата, велат од Основниот кривичен суд Скопје.