Граѓаните од ризични групи можат да се пријават за бесплатна вакцинација против сезонски грип на линкот https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu.
Со пополнување на формата на сајтот, граѓаните се регистрираат за вакцинација директно во системот „Мој термин“, по што ќе добијат СМС-порака со информација за датумот и часот кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата.
Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.



