НИКИ ХЕЈЛИ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ТРКА ВО САД

    НИКИ ХЕЈЛИ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ТРКА ВО САДХејли досега победи само на предизборите во главниот град Вашингтон и Вермонт (Фото: АП)

    Ники Хејли се повлекува од трката за републиканска номинација за годинашните претседателски избори во САД и попладнево и официјално ќе ја објави својата одлука, изјавија извори од нејзиниот табор. Ова значи дека Доналд Трамп, кој и онака беше голем фаворит, ќе ја добие својата трета номинација и ќе се соочи со Џо Бајден на изборите во ноември.

    Повлекувањето на поранешната амбасадорка на САД во Обединетите нации доаѓа ден по тешкиот пораз на предизборите во таканаречениот супервторник, кога се гласаше во 15 сојузни држави.

    Според „Вол стрит џурнал“, Хејли денеска нема отворено да му даде поддршка на Трамп, туку ќе го охрабри да се избори за поддршката на републиканците и независните гласачи кои застанаа зад неа.

    Хејли беше последниот противкандидат на Трамп и шансите ѝ беа многу мали откако досега победи само на предизборите во главниот град Вашингтон и Вермонт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира