МУ СМРЗНАЛЕ ДВЕТЕ СТАПАЛА НА БЕЗДОМНИК ВО КАВАДАРЦИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МУ СМРЗНАЛЕ ДВЕТЕ СТАПАЛА НА БЕЗДОМНИК ВО КАВАДАРЦИ

    На средовечен бездомник во Кавадарци му смрзнале двете стапала како последица од студеното време во изминатите неколку дена. Од кавадаречката болница бил препратен на скопските клиники за понатамошно лекување,потврдија од кавадаречката болница.

    Двајца млади, исто така, се здобиле со смрзнатини. На едниот му премрзнале стапалата додека бил во студена вода за време на празникот Водици кога се фрлил по крстот. Другиот пак премрзнал на прстите од раката, најверојатно, по подолг престој на снег.

    „Вкупно 87 лица побараа помош во кавадаречката болница како последица од паѓање на мраз во текот на месецов, кога во два наврата имаше обилни врнежи од снег. Во првиот бран 23 пациенти имаа набиеници, а 14 скршеници, додека во вториот бран 30 лица се здобија со набиеници и 20 со скршеници. Поголемиот дел од нив беа помлади со повреди на горните екстремитети, а помалку беа тие со повреди на долните екстремитети“, ни кажа Дано Кулев, началник на хируршкото одделение.

    Сите тие биле лекувани конзервативно со имобилизација со гипс и пуштени на домашно лекување со закажана контрола. Во четири случаи се работело за повозрасни пациенти кои имале скршеници на колк, па заради оперативно третирање биле препратени во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира