Италија бара од Србија да ѝ врати осум важни уметнички дела украдени од нацистите за време на Втората светска војна, кои во годините по војната мистериозно завршиле од Германија во Белград.
Овие слики со години се наоѓаат во српскиот национален музеј и покрај инсистирањето на Италија да бидат вратени.
Станува збор за уметнички слики на Тинторето, Паоло Венецијано и Спинело Аретино. Делата се од 15.,16. и 17. век, велат италијанските власти, кои сметаат дека во Белград има уште 9 такви уметнички дела.