НИГЕР ЈА ПРЕКИНА ВОЕНАТА СОРАБОТКА СО САД, НЕМА ДА ДОЗВОЛИ АМЕРИКАНСКИ БАЗИ ВО ЗЕМЈАТА

    НИГЕР ЈА ПРЕКИНА ВОЕНАТА СОРАБОТКА СО САД, НЕМА ДА ДОЗВОЛИ АМЕРИКАНСКИ БАЗИ ВО ЗЕМЈАТАПолковникот Амаду Абдрамане имаше обраќање на нигерската национална телевизија (Фото: РТН/принтскрин)

    Владејачката хунта во Нигер соопшти дека е отповикан го договорот со САД што дозволува престој на американски воен персонал во земјата. Во 2023 година имаше околу 1.100 американски војници во африканската земја, каде што американската армија оперира од две бази, вклучувајќи и база за беспилотни летала, изградена близу Агадез во централен Нигер за цена од над 100 милиони долари.

    Од 2018 година, базата се користеше за напади на милитанти на Исламска држава и на Ал Каеда.

    Соопштението на хунтата доаѓа по посетата на американски функционери минатата недела, предводена од помошничката на државниот секретар Моли Фи и генералот Мајкл Ленгли.

    Полковникот Амаду Абдрамане вчера (сабота) на нигерската национална телевизија (РТН) кажа дека американската делегација не го следела дипломатскиот протокол и додаде дека во тек се дискусии околу актуелната воена транзиција во Нигер и соработката меѓу двете земји и изборот на партнери на Нигер во борбата против Ал Каеда и Исламската држава.

    Сепак, полковникот Абдрамане не кажа експлицитно дека американските војници треба да си заминат, но рече дека нивниот статус и престој во земјата се нелегални и ги прекршуваат уставните и демократските правила.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира