ДОБРО СЕ ОПОРАВУВА ПРВИОТ ПАЦИЕНТ СО ПРЕСАДЕН БУБРЕГ ОД СВИЊА, ВЕЛАТ ЛЕКАРИТЕ ВО САД

    ДОБРО СЕ ОПОРАВУВА ПРВИОТ ПАЦИЕНТ СО ПРЕСАДЕН БУБРЕГ ОД СВИЊА, ВЕЛАТ ЛЕКАРИТЕ ВО САДЧетиричасовната операција, извршена на 16 март, „означува голема пресвртница во потрагата за обезбедување полесно достапни органи за пациентите“, вели Општата болница во Масачусетс. (Фото: Гети)

    Oткако доби нов бубрег од свиња кој е генетски модифициран за да се намали ризикот од отфрлање на органот, 62-годишен маж добро се опоравува и наскоро треба да ја напушти болницата. Американските хирурзи велат дека Рик Слејман е „вистински херој“ што ја испробал пионерската операција. Крајната цел е да се користат животински органи за повеќе трансплантации.

    Свинските бубрези досега како тест биле пресадени на луѓе со мозочна смрт.

    Четиричасовната операција, извршена на 16 март, „означува голема пресвртница во потрагата за обезбедување полесно достапни органи за пациентите“, се вели во соопштението на Општата болница во Масачусетс. Слејман имаше трансплантација на човечки бубрег во истата болница во 2018, откако седум години беше на дијализа, бидејќи неговите бубрези не работеа правилно. Пет години подоцна, трансплантацијата не успеа и тој мораше да се врати на дијализа во мај 2023.

    Неговите шанси за опоравок не беа големи, велат неговите лекари – беше тешко да профункционира дијализата бидејќи неговите крвни садови беа користени за тоа многу пати. Тој имаше постојани компликации со дијализата, поради требаше да оди в болница, што значително влијаеше на неговиот квалитет на живот, велат неговите лекари.

    Слејман рече дека ги измерил добрите и лошите страни и одлучил да продолжи со трансплантација на бубрег од свињи: „Го гледав тоа не само како начин да ми помогне, туку и начин да се обезбеди надеж за илјадници луѓе на кои им е потребна трансплантација за да преживеат“.

    Има хроничен недостиг на органи од човечки дарители за луѓето на кои им се потребни. Животинските органи може да помогнат тоа да се реши. Неодамна се тестираше и трансплантација на срце од свињи на луѓе.

    Специјалниот свински бубрег беше обезбеден од „еЏенесис“ од Кембриџ, Масачусетс. Животното било генетски модифицирано за да се отстранат гените кои би можеле да бидат штетни за човечкиот примател и да се додадат одредени човечки гени за да се подобри компатибилноста. Слејман сепак зема лекови против отфрлање на бубрегот, и не е јасно колку долго ќе функционира неговиот нов бубрег.

    Еден член на тимот за трансплантација, д-р Тацуо Каваи, рече: „Нашата надеж е дека овој пристап за трансплантација ќе понуди спас за милиони пациенти ширум светот кои страдаат од бубрежна инсуфициенција“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира