ЛУКАШЕНКО КАЖА ДЕКА НАПАЃАЧИТЕ ОД МОСКВА ПРВО САКАЛЕ ДА ИЗБЕГААТ ВО БЕЛОРУСИЈА, А НЕ ВО УКРАИНА

    ЛУКАШЕНКО КАЖА ДЕКА НАПАЃАЧИТЕ ОД МОСКВА ПРВО САКАЛЕ ДА ИЗБЕГААТ ВО БЕЛОРУСИЈА, А НЕ ВО УКРАИНАВо нападот во концертната сала „Крокус“ се убиени 139 луѓе (Фото: ЕПА)

    Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека напаѓачите од концертната сала кај Москва во прв момент сакале да избегаат во Белорусија, а не во Украина, што е во спротивност со тврдењето на Владимир Путин.

    Ги ставивме нашите единици во состојба на висока борбена готовност. Како резултат на тоа, тие никако не можеле да влезат во Белорусија, па откако го сфатиле тоа, тргнале кон руско-украинската граница“, изјави Лукашенко.

    Во најсмртоносниот напад на руската територија во последните 20 години, во петокот беа убиени 139 луѓе, а за тоа се обвинети четворица државјани на Таџикистан, за кои Путин кажа дека биле уапсени во пограничниот регион Брјанск кога сакале да избегаат во Украина, каде што ги чекале помагачи. Тој ја обвини Украина дека можеби го нарачала нападот, за кој Исламска држава презеде одговорност и дури објави видеоснимка.

    Вкупно се уапсени 11 лица, а вчера му беше одреден притвор и на еден државјанин на Киргистан, кој наводно им обезбедил сместување на напаѓачите. Досега нема докази дека тие биле поврзани со Белорусија или со Украина на кој било начин.

    Извори од Таџикистан кажаа за „Ројтерс“ дека Русија испратила свои истражители во оваа земја за да ги испрашаат семејствата на осомничените напаѓачи.

    Мотивот на нападот и натаму не е јасен. Русија, заедно со САД и сириските сили, имаше важна улога во поразот на Исламска држава во Сирија, која потоа се подели на ограноци и продолжи да дејствува во Авганистан, Пакистан, Туркменистан, Таџикистан, Узбекистан и Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира