„Криптокралот“ Сем Бенкмен-Фрид е осуден на 25 години затвор за кражба на осум милијарди долари од клиентите на неговата сега веќе пропадната банка за размена на криптовалути „Еф-Ти-Ејч“. Судот во Менхетн ја изрече пресудата откако го одби тврдењето на Бенкмен-Фрид дека неговите клиенти всушност не изгубиле пари, при што тој беше обвинет и за лажно сведочење.
Бенкмен-Фрид е прогласен за виновен по седум точки од обвинението за измама и заговор, што произлезе од колапсот на неговата банка во 2022 година, што обвинителите го опишаа како една од најголемите финансиски измами во историјата на САД.
Во 20-минутното обраќање пред судот, Бенкмен-Фрид призна дека неговите клиенти претрпеле штета и им се извини на своите поранешни колеги од „Еф-Ти-Ејч“.
Казната ја означи кулминацијата на падот на Бенкмен-Фрид од ултрабогат претприемач и голем политички донатор до најголемиот трофеј во акцијата на американските власти против измамите на пазарот на криптовалути. Судијата кажа дека оштетените страни изгубиле над десет милијарди долари поради него.