НЕ КРАДЕТЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ АВИОН, ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО НОВИНАРИТЕ КОИ ГО СЛЕДАТ БАЈДЕН

    НЕ КРАДЕТЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ АВИОН, ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО НОВИНАРИТЕ КОИ ГО СЛЕДАТ БАЈДЕНЗемањето предмети од Ер форс уан стана честа пракса (Фото: Гети)

    На новинарите им беше кажано да престанат да крадат сувенири од официјалниот авион на Џо Бајден. Проверката направена во Ер форс уан по посетата на Бајден на западниот брег на САД во февруари покажала дека недостигаат неколку предмети во одделот за новинарите.

    Брендирани перници, очила и позлатени чинии се меѓу предметите кои наводно исчезнале од авионот. Здружението на известувачи од Белата куќа предупреди дека земање предмети од авионот е забрането.

    Минатиот месец, здружението испрати меил до новинарите во кој нагласи дека таквото однесување остава лоша слика за медиумите кои патуваат со претседателот и тоа мора да запре.

    Новинарите понекогаш како сувенир добиваат пакетчиња со чоколадни бонбони декорирани со претседателскиот печат. Но, земањето предмети од Ер форс уан, вклучувајќи пешкири и прибор за јадење, стана честа пракса.

    Миша Комадовски, известувач од Белата куќа за „Глас на Америка“, вели дека има собрано мала колекција предмети од неговите патувања со авионот.

    Не засрамив никого, ниту направив нешто погрешно со тоа“, кажа Комадовски.

    Ер форс уан располага со простор од 372 квадратни метри и, меѓу другото, содржи голем апартман за претседателот, медицинска станица со операциона маса, конференциска сала, трпезарија, две простории за подготовка на јадења, кои можат да опслужат до 100 луѓе и посебна област за новинари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира