ХУМАНИТАРНИ РАБОТНИЦИ ОД НЕКОЛКУ ЗЕМЈИ УБИЕНИ ВО ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВО ГАЗА

    ХУМАНИТАРНИ РАБОТНИЦИ ОД НЕКОЛКУ ЗЕМЈИ УБИЕНИ ВО ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВО ГАЗАПасошите на убиените работници од Велика Британија, Полска и Австралија (Фото: АП)

    Седуммина хуманитарни работници се убиени во Газа во израелски воздушен напад. Организацијата Светска централна кујна (ВЦК) соопшти дека меѓу загинатите има државјани на Австралија, Полска и Велика Британија.

    Основачот на ВЦК Хосе Андрес изјави дека тие биле убиени во напад на Израелските одбранбени сили, од каде што кажаа дека спроведуваат истрага.

    Извршната директорка на ВЦК, Ерин Гор, изјави дека загинатите биле дел од конвој кој бил погоден додека напуштал складиште во централна Газа, во кое се истоварени повеќе од 100 тони хуманитарна помош која пристигна по морски пат.

    Извори од палестинските лекарски служби кажаа дека работниците носеле панцири со логото на ВЦК, организација која доставува храна за илјадници луѓе во Газа. Меѓу загинатите се и палестински возач и двоен државјанин на САД и Канада.

    По нападот, ВЦК објави дека моментално ги прекинува своите операции во регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира