МЕКСИКО ГИ ПРЕКИНА ВРСКИТЕ СО ЕКВАДОР ОТКАКО ЕКВАДОРСКАТА ПОЛИЦИЈА УПАДНА ВО МЕКСИКАНСКАТА АМБАСАДА

    МЕКСИКО ГИ ПРЕКИНА ВРСКИТЕ СО ЕКВАДОР ОТКАКО ЕКВАДОРСКАТА ПОЛИЦИЈА УПАДНА ВО МЕКСИКАНСКАТА АМБАСАДАЕквадорската полиција упадна во мексиканската амбасада во Кито за да го уапси поранешниот потпретседател Хорхе Глас. (Фото: ЕФЕ)

    Мексико ги прекина дипломатските врски со Еквадор откако тамошната полиција упадна во мексиканската амбасада во Кито за да го уапси поранешниот еквадорски потпретседател Хорхе Глас. Мексиканскиот претседател Мануел Лопес Обрадор кажа дека насилното влегување во амбасадата е флагрантно кршење на меѓународното право.

    Глас се засолни во амбасадата во декември откако Еквадор издаде налог за негово апсење поради наводна корупција. Адвокатот на Глас тврди дека неговиот клиент е невин. Глас беше потпретседател на Еквадор од 2013-2017 година.

    Во 2017 година беше осуден на шест години затвор по обвинување за корупција во врска со бразилската градежна фирма „Одербрехт“. Обвинителството вели дека тој земал мито од 13,5 милиони долари.

    Тој беше пуштен од затвор во ноември, но еквадорските власти издадоа налог за негово апсење за други обвинувања за корупција, по што тој избега во мексиканската амбасада.

    Во петокот, Мексико кажа дека му доделил политички азил на Глас, потег што Еквадор го смета за нелегален.

    „Еквадор е суверена нација и нема да дозволиме криминалци да бидат на слобода“, соопштија од кабинет на еквадорскиот претседател.

    Според мексиканските власти, при упадот на еквадорската полиција биле повредни и членови на дипломатскиот персонал во амбасадата.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира