МЕЧКА КАСНАЛА ПРИЛЕПЧАНЕЦ ДОДЕКА НАПАСУВАЛ КРАВИ 

    МЕЧКА КАСНАЛА ПРИЛЕПЧАНЕЦ ДОДЕКА НАПАСУВАЛ КРАВИ Мечката била избркана од кучињата на нападнатиот сточар. (архивска фотографија)

    Додека ги напасувал кравите на планината Мукос, прилепчанец бил нападнат од мечка и се здобил со тешки повреди, па е хоспитализиран во велешка болница. Настанот се случил на 7 април, а лицето било донесено во велешка болница ден подоцна, откако почувстувал тешкотии од здобиените повреди.

    „На Ургентен центар донесено е лице кое се жалело на повреди на нозете, по напад од мечка. По извршените претраги и снимања констатирана е скршеница на левата потколница, како и други телесни повреди. Потоа е пренесено на неврологија, кaде му е дадена потребната нега. Повредениот сега е на одделението на ортопедија“, соопштија од ЈЗУ Општа Болница Велес. 

    Настанот е потврден и од велешката полиција.

    „На 8 Април  во 21.30 часот во болницата во Велес, Ц.С.(60 год) од село Дреновци, прилепско, на полициски службеници од СВР Велес им пријавил дека на планината Мукос, атар на село Оморани, општина Чашка, додека напасувал крави, бил нападнат и каснат од мечка, која била избркана од неговите кучиња“, информариа Биљаан ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

     П. ПЕЧКОВ 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира